Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / (ВИДЕО) Дескоска: Најденовска стана втора Дулиќ! Се повторува црниот понеделник!

(ВИДЕО) Дескоска: Најденовска стана втора Дулиќ! Се повторува црниот понеделник!

Тензии, нервоза и високи тонови со закани на седницата на Комисијата за образование и наука. Претседателката на комисијата, Олга Најденовска, не им дозволуваше на пратениците да реагираат процедурално, и почна да ги чита амандманите на Предлог – законот за основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“. Седницата е прекината, а СДСМ има поднесено повеќе од 900 амандмани, пренесува  A1On.

Потпретседателот на Собранието Рената Дескоска напиша:

Во Собрание на Комисијата за образование се повторува#ЦрниотПонеделник. Насилие и непочитување на Деловникот… Срамота!

Олга Најденовска е срам за УКИМ и лоша копија на Дулиќ. Најбезобразно го крши Деловникот: сака да го ограничи правото на дебата, не дозволува процедурални интервенции, го ускратува правото на предлагачите да ги образложат амандманите, се обидува да спроведе гласање без дебата…

Моите два кренати прста со кои безуспешно барам збор, сведочат за нејзиното насилие. Олга Најденовска со своето самоволно и срамно однесување се обидува да испровоцира.

#ВторЦрнПонеделник.    #NoPasaran!  /А1оН.

loading...