ВИДЕО: Детали за пожарот во зграда на руската ФСБ, познато што го предизвикало

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку едно лице загина, а две други се повредени во пожар во зграда која ја користи руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во јужниот град Ростов.

Локалните жители изјавија дека слушнале силна експлозија пред пожарот, јавува Би-Би-Си.

Регионалниот гувернер на Ростов, Василиј Голубев, изјави дека пожарот бил предизвикан од краток спој, кој ги запалил резервоарите за гориво.

Тој додаде дека пожарот се проширил на 800 метри квадратни, а два ѕида се срушени.

Тој посочи дека нема закана пожарот да се прошири, но превентивно треба да се евакуираат жителите од околните станбени згради.

Драматичните снимки на социјалните мрежи покажаа голем пожар кој зафати делови од зградата, а чад беше видлив низ градот.

Руските медиуми го објавија пожарот повикувајќи се на службите за итни случаи, велејќи дека зградата припаѓа на регионалниот огранок на граничната патрола на ФСБ.

Службите за итни случаи се на местото на пожарот.

ФСБ е служба за внатрешна безбедност на Русија и е одговорна за контраразузнавање, безбедност на границите и борба против тероризмот.

Слични содржини