(ВИДЕО) Додик слави и пее по победата на Трамп

од Milan1
109 прегледи

По коктелот по повод победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, претседателот на Република Српска Милорад Додик славеше со најблиските соработници со хармоника и песна во Палатата на Републиката во Бања Лука.

Тие ја пееја „Не може нам нико ништа“, а видеото е објавено на официјалниот Инстаграм профил на Додик.

На славеничката трпеза беа премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ, српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, министерот за наука и технолошки развој и високото образование на Српска Жељко Будимир, министерот за здравство и социјална заштита Ален Шераниќ, делегат во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ Радован Ковачевиќ ….

Претходно, Додик на платформата Х напиша дека организирал прослава по повод победата на Трамп, бидејќи тоа не го направила американската амбасада во Сараево. Прославата ја организирав како претседател на Српска“, изјави Додик.

Слични содржини