ВИДЕО: Дрон фрлил граната врз руски војник, еве што направи тој

од Stefanija Kuzmanovska

Во морето бизарни видеа на социјалната мрежа „Телеграм“ имаше и едно на кое се гледа како руски војник наводно се борел со украински дрон.

Како што можете да видите на видеото, дронот забележал војник, а потоа фрлил граната кон него. Војникот, сепак, успеал да го избегне проектилот, а потоа се фрлил во снегот и се преправал дека е мртов.

Леталото потоа му се приближило многу, а кога доволно се приближил, војникот едноставно го зграбил со рака, а потоа го скршил на земја.

Според каналот Јутјуб „The Resistence“, инцидентот се случил „во шумска област на линијата на украинскиот фронт“. Сепак, тешко е да се утврди дали снимката е автентична.

Слични содржини