(Видео) Еколошки траект, не му треба гориво

од desk2

Комплетно ги заменува траектите на конвенционално гориво.

Траектот Ellen, кој комплетно се напојува на електричен погон и може да носи 30 возила и 200 патници, го направи своето прво патување на југот на Данска.

Бродот се напојува со систем батерии со капацитет од 4,3 мегават часови, произведени од швајцарската компанија Leclanche.

Извршниот директор на компанијата Анил Сривастав вели дека бродот е пресвртница во трговскиот сектор на поморскиот транспорт со надеж дека во рок од една година е-траектот значително ќе влијае на целокупното намалување на емисиите на штетни гасови.

”Проектот е доказ дека е можно да се замени фосилното гориво со чисти форми на енергија и со тоа да се придонесе во борбата против глобалното затоплување и загадувањето”, заклучи Сривастав.

Слични содржини