(ВИДЕО) Емотивно: Федерер се прости од тенисот, плачеа Надал и Ѓоковиќ

од Берта Китинска

Роџер Федерер, синоќа, во игра двојки со Рафаел Надал на „Лејвер купот“ во Лондон, го одигра последниот меч во пребогатата кариера, во кој по голема борба загуби од американската комбинација Тиафо-Сок (6-4, 5-7, 10-12).

Федерер самиот изјави дека негов сон е да ја заврши кариерата играјќи заедно со Надал, што и му се оствари, во спектакуларен меч гледан низ целиот свет.

Федерер се расплака, но и Надал не ги криеше своите емоции.

По мечот испраќањето на Роџер во тениска пензија беше едно од најемотивните настани во историјата на тенисот.

Откако при говорот не успеа да ги сопре солзите во неколку наврати, на теренот му се приклучи и неговата сопруга Мирослава Вавринец која повеќе од 20 години ги следеше сите настапи на својот сопруг.

И самиот Роџер во неколку наврати за неа има кажано дека е „Неговата најголема поддршка и дека заедно го изедоа целиот пат наречен тенис“.

„Едноставно се радував што играм тенис. Но, испадна едно неверојатно патешествие кое би го повторил одново. Сопругата можеше да ме запре многу одамна, но продолжи да биде зад мене и ми дозволи да продолжам да играм, затоа ѝ благодарам“, кажа тој.

Слични содржини