ВИДЕО: Фатени на дело како го уништуваат новиот парк во изградба во Кисела Вода

од Берта Китинска

Несовесни поединци се снимени како го уништуваат паркот на улица Есенинова во Кисела Вода, информира преку својот Фејсбук профил градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски.

-Надлежните инспектори и полицијата ги идентификуваа прекршителите. Казните се високи и ќе бидат изречени во краток рок.Вложуваме многу во расчистувањето на дивите депонии. Мора да ги спречиме поединците кои ги создаваат!Благодариме на граѓаните кои ни ги доставија снимките. Само со заедничка акција и совесни граѓани кои се грижат можеме да имаме уредена општина, пишува Темелковски.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Слични содржини