ВИДЕО: Голем пожар на железничка станица во центарот на Лондон, евакуирани згради

од Stefanija Kuzmanovska

Голем пожар избувна на железничката станица во центарот на Лондон, а неколку околни згради беа евакуирани.

Противпожарната бригада, која испрати десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари на лице место, соопшти дека нема извештаи за повредени и дека инспекторите започнале истрага за причините за пожарот.

На видео објавено на Твитер од страна на противпожарната бригада се гледа голем облак чад кој се издига од под железничкиот лак, за кој противпожарната бригада соопшти дека содржи неколку возила и дека е „целосно изгорен“.

„Пожарот направи силен чад и на оние кои живеат или работат во локалната област им се препорачува да ги држат своите прозорци и врати затворени“, рече командантот на станицата Вејн Џонсон.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека целиот лак под шините се запалил, а од неколку километри се гледа чад.

Противпожарната бригада, која испрати 10 противпожарни возила и околу 70 пожарникари на местото на настанот, соопшти дека нема извештаи за повредени и дека инспекторите започнале истрага за причините за пожарот, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини