(ВИДЕО) Груевски: Не планирам да дадам оставка !

од Vladimir Zorba

По лидерската средба, во изјавата за медиуми премиерoт, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање дали по сите снимки планира да даде оставка,  дециден дека  не планира да дава  оставка и не може да прогнозира дали средбата која ќе продолжи во понеделник ќе биде успешна!

194433

 Лидерот на опозицијата најави дека ќе продолжи со објавување на политичките бомби и засега нема намера да се врати во Собранието. За претстојниот протест, закажан за 17 мај, рече дека ќе биде мирен, мултиетнички, каков што досега според него не се случил во Македонија. Заев вели дека во моментов не е оптимист дека може да се постигне договор за излез од кризата.

-Денеска сме овде да ги упатиме нашите заложби за враќање на демократијата во Република Македонија вклучително и правото на протест. Ова денеска не беше политички дијалог, иако се обидовме да воспоставиме рамка дали би постоел политички дијалог и тоа ќе продолжи во понеделник. Разговаравме дали може да се воспостави рамка за преговори, не се воспостави денеска таа рамка. Во моментов не сум оптимист дека може да се постигне договор за излез од кризата, рече Заев.
Лидерите на ДУИ – Али Ахмети и на ДПА-Мендух Тачи по завршување на средбата не дадоа изјава. Нивните портпароли соопштија дека и двете партии ја поздравуваат денешната средба со присуство на меѓународната заедница.

Слични содржини