(ВИДЕО) Хаос во Загреб: Тепачка меѓу 200 навивачи на Динамо и Легија

од Nikola Popovski

Навивачите на Динамо од Загреб и полската Легија се судрија на улиците во хрватскиот главен град.

Полициската управа во градот потврди дека реагирале на неколку локации низ Загреб.

„На подрачјето на Данковечка улица имаше судир помеѓу 200 навивачи, а полицајците кои беа на местото на настанот од почетокот спречија можен поголем конфликт. Покрај редовните полициски сили, на местото на настанот имаше и припадници на интервентната полиција. Според првите информации, засега нема повредени во судирите“, соопшти полицијата.

Снимките од социјалните мрежи покажуваат голем број навивачи кои носат факели, палки и други реквизити за тепачката.

Натпреварот меѓу Динамо и Легија е на програмата во среда, а победникот од овој дуел од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите ќе игра против подобриот играч од дуелот меѓу Црвена Звезда и Шериф.

 

Слични содржини