ВИДЕО: Hyperion XP-1

од Vladimir Zorba

Компанијата Hyperion Motors од Калифорнија го претстави суперспортскиот автомобил XP-1 на салонот во Лос Анџелес.

Во веста се наведува дека Hyperion XP-1 е суперспортски автомобил со водородно-електричен погон, а овој двосед тежи само 1031 kg благодарение на неговата лесна конструкција.

Автономијата со едно полнење на водород според најавите на американската компанија е 1016 милји (1635 km).

Забрзувањето од 0 до 60 милји на час (96 km/h) трае помалку од 2,2 секунди, додека максималната брзина е 356 km/h.

Планирана е серија од само 300 примероци.

Слични содржини