Само на телевизии со одредена уредувачка политика, владата им овозможи со пари од буџетот да опстанат на медиумскиот пазар, преминот на телевизиите и радијата во Македонија на дигитален сигнал го намали плурализмот во информирањето на граѓаните, беше речено на денешната јавна консултација „Дигитализација во радиодифузија: достигнувања, предизвици и перспективи“-пренесе А1он.
Јавната консултација е дел од проектот „Мапирање на дигитализацијата во радиодифузијата во РМ“, спроведен од Фондацијата Метаморфозис.

– Дигитализацијата на медиумите, како што советуваа ОБСЕ и Советот на Европа, има економски придонес, тешнолошко технички, но има и општествен придонес, а тој е граѓаните да имаат пристап кон мноштво на информации, домашни информации. Што направивме ние? Регионалните телевизии и радија ги уништуваме, се води сметка само националните најмногу да ги има на пазарот и ние го изгубивме плурализмот на регионално и на локално ниво. Граѓаните од кого ќе се информираат на локално и на регионално ниво кога тие телевизии едвај преживуваат, немаат со што да платат новинари и редакција. Регулаторот мора да води сметка за тоа, тој си стои на едно ниво и се сведува на давање и одземање дозволи, следење на пазар и толку. Дигитализацијата што направи кај нас? Некои медиуми паднаа економски и не можеат да понудат добри програми на граѓаните. Дигитализацијата требаше да донесе плурализам во информирањето а не некому да му се отвори бизнис. Мојот впечаток е дека прво се гледаше некому да се направи бизнис и дозволите на медиумите се делат политички. Сега се прави тоа со регионалните телевизии. Преку сопственичката структура се поврзуваат регионалните телевизии, добиваат пари, гледаме како кореспондира промената на сопственоста со поделбата на парите од државниот буџет. Значи државата инфузира од буџет за да некој може да опстане на пазарот и да го плати трошоците за пренос и зошто само телевизии со одредена уредувачка политика да доаѓаат до граѓаните – па, се е јасно, рече Снежана Трпевска, професор на Високата школа за новинарство.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини