ВИДЕО: Ќерката на Јокиќ го украде шоуто: „Тато, сакам НБА прстен!“

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го порази Феникс Санс со 39 поени и 16 скока. Неговиот Денвер водеше со 2-0 во серија, но се остана во сенка на неговата ќерка Огњена.

Натпреварот покрај теренот го гледала во прегратките на нејзината мајка, а по натпреварот имала јасна порака за нејзиниот татко.

„Тато, сакам НБА прстен!“

„Бличер репорт“ пренесува дека таа покажала кон прстот на кој се носи прстен, а Никола на ист начин ѝ одговорил со насмевка.

Очигледно тоа е најголемиот преостанат сон на двократниот МВП, а неговото остварување би било многу попожелно од третата ласкава награда за најдобар играч во НБА.

Слични содржини