Видео кое го разнежни сите: По една година повторно се сретнаа откако ги раздели пандемијата

од Берта Китинска

Мажот и сопругата се чувствувале изгубени едни без други во изминатата година Стенли и Мавис Харбор од Болтон не се виделе од февруари минатата година, откако Мавис последен пат го посети својот сопруг пред прогласувањето на пандемијата на вирусот корона.

Сега тие се повторно заедно.Минатиот февруари, 83-годишниот Стенли немаше идеја дека нема да ја гледа својата сопруга цела година. Во септември 2019 година се пресели во дом за стари лица поради деменција. Карантинот и специјалните мерки во домовите траеја предолго за овој пар. Тие не се виделе цела година.

За конечно да бидеме заедно, и Мавис се пресели во истиот дом. Таа се пресели на почетокот на јануари, а персоналот го сними нивниот трогателен состанок.

Слични содржини