Актуелно
Почетна / TOP NEWS / (Видео) Конан О’Брајан го исмеа самоубиството на Слободан Праљак

(Видео) Конан О’Брајан го исмеа самоубиството на Слободан Праљак

Американскиот комичар Конан O’Брајан зборувал за случајот на самоубиството на воениот злосторник Слободан Праљак и од целата ситуација направил скеч за своето шоу.


“Поранешниот хрватски генерал, исклучително лош тип кој беше осуден за воени злосторства, проголтал отров за време на судењето во Хаг. Тој одлучил да се убие отколку да ја одлежи затворската казна. Тоа е неговиот начин да се извлече од ситуации”, рекол О’Брајан по што се јавил неговиот камерман, додавајќи дека тоа и не е толку чудно.

Камерманот Тони кажал дека сите во еден момент би испиле отров само за да се извлечеме од одредени ситуации и дека клучот е “да се земе доволна количина на отров за да се убиете само малку”.
“Трикот е во тоа да го имате вистинскиот отров, а мојот избор е “Mendelson’s Cyanide Sips” (голтка цијанид). Тој ме убива помалку секој пат кога тоа ќе ми затреба”, рекол Тони по што следувала сцена во која камерманот “извршува” самоубиство со цел да ги избегне работите кои не ги сака.

 

loading...
(Видео) Конан О’Брајан го исмеа самоубиството на Слободан Праљак