СДСМ и коалиционите партнери на утрешната седница на Советот ќе побараат дополнување на дневниот ред со нова точка: Разгледување на обврските на општина Битола превземени со договорот за купопродажбата на ФК Пелистер.

ВМРО-ДПМНЕ и Владимир Талески го криеја Договорот за продажба на ФК Пелистер од граѓаните и советниците во Советот на општина Битола. Договорот не беше доставен ниту на разгледување.

Сканлозно, деновиве, на социјалните мрежи е објавен Договор за продажба на ФК Пелистер помеѓу општина Битола и ДОО Цермат.

Дали ова е истиот скандалозен договор којшто јавноста не смееше да го види?

Дали ова е спорниот договор којшто градоначалникот Владимир Талески го криеше од советниците во Советот на општина Битола?

Дали советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја знаат содржината на спорниот договор?

Во договорот објавен на социјалните мрежи, помеѓу општина Битола и ДОО Цермат, повторно стојат спорните одредби поради коишто беше одбиен првичниот договор за продажба на ФК Пелистер.

Во член 12 од овој договор општина Битола има обврска БЕЗ НАДОМЕСТ, бесплатно да му ја отстапи на купувачот целата расположлива инфраструктура на постоечкиот стадион, теренот на градскиот стадион, сите помошни терени и користење на теренот со вештачка трева.

Во името на граѓаните, на седницата на Советот ќе го отвориме прашањето за финансиските обврски коишто општина Битола ги превзела со потпишувањето на овој Договор но и за сите други спорни точки.

Владимир Талески, после 8 месеци, мора се појави на седница на Советот и конечно да даде одговор на овие прашања пред граѓаните и советниците.

11292019_10153552989582722_1179241360_n

11751337_10153552988837722_923401120_n

FB_IMG_1436591098244

Слични содржини