Видео: Македонски репрезентативец туркаше автобили заглавени во снег

од Берта Китинска

Поради снежната бура во Шпанија се одложени голем број летови и спортски натпревари.

Невремето одложи еден натпревар, Атлетико Мадрид -Атлетик Билбао, а фудбалерите на Рајо Валјекано за кого настапува нашиот репрезентативец Столе Димитриевски за да стигнат на натпрева во Ла Лига 2 со автобус, мораа да   помогнат на патот со блокираните автомобили.

Бурата Филомена прекри делови од Шпанија со обилен снег, а во половина од Шпанија е прогласена т.н. „црвена тревога“.

Во Мадрид, еден од најзафатените делови, се очекува и до 20 сантиметри снег во наредните 24 часови. Аеродромот е затворен заедно со повеќе патишта, пренесува Би-Би-Си.

Од синоќа, голем број возила се заглавени на автопат во близина на главниот град, па на помош дојдоа пожарникарите, а во некои места и војската. Властите апелираа да се избегнуваат несуштински патувања.

Слични содржини