ВИДЕО: Макрон ја разбесни француската јавност со неочекуван потег за време на интервју

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика скандал за време на телевизиско интервју за пензиските реформи, објави L’Independant.

Французите забележале како Макрон во разговорот со новинарите ги ставил рацете под масата и го симнал часовникот од зглобот.

Многумина ова го видоа како обид да се отстрани луксузниот предмет од кадар, неумесно за време на дискусијата за протестите на незадоволните синдикати и работниците со минимална плата.

„Зборувајќи за ‘минималистите’ кои никогаш немале толкава куповна моќ, тој внимателно го става својот прекрасен луксузен часовник под маса. Овој човек е шега“, реагираше револтирано пратеничката на партијата „Франција неосвоена“, Вал де Марна Клеманс Гет.

Слични содржини