ВИДЕО: Медведев повторно направи скандал: Го фрли рекетот, а потоа имитираше мајмун

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот тенисер Данил Медведев повторно направи скандал на теренот.

Медведев претрпе пораз во осминафиналето на турнирот од Швајцарецот Стен Вавринка со резултат 6:4, 6:7, 6:3 и повторно во еден момент ги загуби нервите.

По еден удар, тој збесна и го фрли рекетот на земја, што предизвика свирежи од трибините.

Тоа дополнително го изреволтирало и онака нервозниот Русин.

Почна да гестикулира со рацете како да имитира мајмун, алудирајќи на однесувањето на публиката, а притоа правеше звуци кои наликуваа на мајмун во гнев додека покажуваше кон навивачите.

Оваа гестикулација на Медведев потраа, а тој очигледно беше исфрустриран од лошата игра, па би може да се соочи со казна за ваквата реакција во наредните денови.

Слични содржини