(Видео) На Бред Пит му се исполни сонот : Едвај чекам да им кажам на децата !

од desk2

Бред Пит вчера оствари контакт со астронаутите на Меѓународната вселенска станица и разговараше со Ник Хаг , а целиот разговор го пренесуваше НАСА ТВ.

Пит во својот најнов филм ,,Ad astra “ , кој во петок ќе почне да се прикажува во кината, глуми астронаут , а екипажот на Меѓународната вселеснска станица го гледал филмот пред неколку недели.

“Станица, овде е Бред, може ли да ме чуете?” актерот прашал кога добил знак дека е поврзан.

“Еј Бред, Ник тука. Те слушам гласно и јасно. Добредојдовте на Меѓународната вселенска станица”, одговори Хаг.

За време на скоро 20-минутниот разговор, двајцата разговарале за голем број теми поврзани со истражувањето на вселената. Покрај тоа, Пит го прашувал астронаутот за тековните проекти на кои работи, а тој му рекол дека се приближува кон крајот на својата 200-дневна мисија и се враќа на Земјата на почетокот од следниот месец.

Тие разговараа и за претстојниот проект „Артемис“, „Патување до месечината“, во кој првата жена треба да слета на природниот сателит на Земјата. Во еден момент, Пит на шега го праша Хаг кој подобро се однесуваше како астронаут, тој или Џорџ Клуни (Гравитација, 2013).

Хаг одговори низ смеа и потврди дека Пит е подобар астронаут.

“Ник, ви благодарам многу. Беше апсолутно задоволство, ми се оствари сонот”, му рекол Пит. „Не можам да дочекам да им се фалам за децата“.

Слични содржини