(ВИДЕО) Најтешките поплави во Шпанија во последните децении: 95 загинати, десетици исчезнати

од Илинка Илиоска
41 прегледи

Најмалку 95 лица загинаа во поплавите во југоисточна Шпанија во најголемата природна катастрофа во земјата од 1973 година.

Се стравува дека бројот на жртвите не е конечен бидејќи се уште се трага по десетици луѓе.

Најпогодени места беа во регионот на Валенсија, каде за осум часа паднаа годишни врнежи од 490 литри на метар квадратен.

Тропските дождови, предизвикани од предниот дел на студениот воздух што се движеше низ југоисточна Шпанија, предизвикаа поројни поплави кои носеа сè пред себе.

Во погодените региони нема струја, патниот и железничкиот сообраќај е во прекин.

Многумина во Шпанија сега се лути на регионалните власти бидејќи тие не предупредија на доаѓање на таква катастрофа.

Најмалку 92 смртни случаи беа пријавени во Валенсија, уште две во Кастиља-Ла Манча западно од Валенсија и еден во Малага, каде што 71-годишен Британец почина во болница откако беше спасен од својот дом.

Најлошо е во Паипорта, предградие на Валенсија, каде животот го загубија 40 луѓе.

Во градот Чива, блиску до Валенсија, кој исто така е еден од најпогодените, во вторник паднаа годишно врнежи во период од само осум часа, објави националната метеоролошка служба.

„Водата брзаше по патот како цунами“, рече Гилермо Серано Перес, 21-годишник од Паипорта, предградие на Валенсија.

Тој додаде дека тој и неговите родители морале да скокнат од автомобилот и да се качат на мостот за да не бидат однесени од водата.

Градоначалникот на Хорно де Алседа, град недалеку од Валенсија, изјави за Би-Би-Си дека нивото на водата се зголемило за повеќе од еден метар за само неколку минути.

„Струите беа многу силни и спасувачите мораа брзо да реагираат и да ги извлечат луѓето од автомобилите и куќите“, рече Консуело Таразон.

Медиумите и корисниците на социјалните мрежи ги обвинуваат службите за доцна издавање предупредувања, а властите генерално неподготвени за вакви природни катастрофи. катастрофа.

Службата за цивилна заштита издаде предупредување за опасност дури во вторникот вечерта во 20:15 часот, кога многу населени места веќе беа поплавени.

Размерите на оваа трагедија го отвораат прашањето дали населението било предупредено предоцна: цивилната одбрана испрати предупредување кога водата веќе ги поплавила градовите“, стои во насловот на веб-страницата на водечкиот шпански весник „Ел Мундо“.

Според медиумите, предупредувањата се издадени во време кога градот Чива и некои други места веќе два часа претходно биле поплавени.

Весникот „Ел Мундо“ пишува дека стотици луѓе ноќта од вторник кон среда ја поминале во индустриски зони или во автомобили на патиштата, бидејќи до вечерта патиштата веќе биле пресечени од потоци на вода.

„Како градоначалник, никој не ме предупреди дека реката Магре може да излее од коритата. Но, таа го поплави градот, го покри со кал и ѓубре“, се пожали Андреу Салом, градоначалник на градот Алкулдија.

Слични содржини