(ВИДЕО) НАСА во сериозна потрага по живот надвор од Земјата

од Milan1
28 прегледи

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА работи на последните подготовки за лансирање вселенско летало до Јупитеровата месечина „Европа“, во потрагата по живот вон Земјата. Се работи за обид да се открие дали овој природен сателит на Јупитер, составен од огромен океан и мраз над него е погоден за живеење?

Роботичкото вселенско летало на НАСА – „Европа Клипер“ (Europa Clipper) коешто се движи на сончев погон, ќе полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД. Ќе содржи девет научни инструменти. По патот од 2,9 милијарди километри леталото треба да влезе во орбитата на Јупитер во 2030 година.

По доцнењето предизвикано од ураганот Милтон, НАСА го закажа пробното лансирање за денес, понеделник, во 12:06 часот по локално време (18:06 ч. по македонско време).

– Имаме прилично убедливи докази дека на Европа е можен живот, но мораме да одиме таму за да се увериме самите во тоа. Би сакала само да го истакнам следното: Не тргнуваме во мисија за откривање живот, туку само бараме услови за живот!, изјави Бони Бурати од Лабораторијата за млазен погон на НАСА, која е заменичка-научник за проектот на мисијата.

„Европа Клипер“ е најголемото вселенско летало што НАСА некогаш го изградила за една меѓупланетарна мисија. Долг е околу 30,5 метри, широк 17,6 метри и тежок 6.000 кг. Тој, притоа, е поголем од кошаркарско игралиште, имајќи ги предвид и неговите масивни плочи за собирање Сончева светлина што ги напојуваат научните инструменти, електрониката и другите системи. Во период од три години, НАСА планира да направи 49 доближувања до Европа со своето вселенско летало. Тоа претходно треба да прелета и покрај Марс, а назад на Земјата ќе се враќа користејќи ја гравитацијата на секоја планета.

Научниците поставија три главни цели за оваа мисија: Мерење на надворешната ледена покривка на сателитот Европа и нејзиниот сооднос со потповршината, потоа – одредување на составот на месечината и на нејзината геологија.

Слични содржини