(ВИДЕО) Насилни протести во Грузија откако владата ги прекина преговорите со ЕУ

од Milan1
34 прегледи

Илјадници луѓе вечерва повторно излегоа на улиците на Тбилиси за да протестираат против одлуката на владата да ги прекине пристапните преговори со Европската унија до крајот на 2028 година, јавува Би-Би-Си.

Демонстрантите извикуваа „предавници“ и носеа фотографии од новинари за кои тврдат дека биле претепани од полицијата во петокот вечерта.

На протестите таа вечер полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, а власта тврди дека се уапсени 43 лица.

Повеќе од 100 дипломати и државни службеници во Грузија потпишаа отворено писмо во кое тврдат дека одлуката на владата не е во согласност со стратешките интереси на земјата.

Слични содржини