ВИДЕО| Несреќа на брзи возови во Пакистан, најмалку 35 загинати

од Vladimir Zorba

Најмалку 35 лица загинаа, а десетици се повредени рано утрово во судир на два брзи возови во јужен Пакистан, соопштија властите.

Некои од повредените се во критична состојба, а меѓу 15 и 20 патници сè уште се заробени во остатоците од превозното средство, пренесува АП.

Како што се наведува, еден воз излегол од шините, а наскоро друг воз удрил во него. Причините за несреќата сè уште не се познати.

Властите соопштија дека во возовите имало околу 1.100 патници.

Железнички несреќи се чести во Пакистан, поради лошо одржуваниот систем за сигнализација и застарените железници.

Слични содржини