(ВИДЕО) Николовски: Нов скандал, здравствената заштита на животните пред колапс

од desk3

Денеска откриваме нов скандал поврзан со Агенцијата за храна и ветеринарство со кој се доведува во прашање спроведувањето на Здравствена заштита на животните.

Агенцијата за храна и ветеринарство на ветеринарните друштва задолжени за спроведување на оваа наредба им должи околу 200 милиони денари, пари без кои тие не можат да функционираат.

-скандал-здравствената-заштита-на-животните-пред-колапс

Катастрофалната финансиска состојба на ветеринарните друштва, до која ги доведе власта се заканува да предизвика колапс во здравствената заштита на животните, а преку тоа и во сточарството.

Колку е ова сериозно доволно зборува улогата на ветеринарните друштва во вакцинација на добитокот од заразни болести како бруцелоза, шап и лигавка, беснило, антракс, туберкулоза…болести кои можат да го уништат стадото на сточарот но и да го загрозат здравјето на луѓето.

Ветеринарните друштва, кои имаат склучено договор со Агенцијата за храна и ветеринарство, преку обележувањето на добитокот се најдиректно вклучени и во субвенционирањетово сточарството.

За да може еден сточар да се пријави за субвенции мора претходно да има спроведено идентификација и регистрација на грлото со пасош, кој потоа ќе пријави бројна состојба на стадото.

Ова е барањето на 77 ветеринарни друштва кои преку Ветеринарната комора се обратиле до директорот на агенцијата, Зоран Поповски. Тие алармираат дека доколку не се обезбедат средства за нивно нормално функционирање, нема да можат да одговорат на законските обврски во извршувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните, идентификацијата и регистрацијата на животните и издавањето на ветеринарната документација.

Ова доцнење во исплатата на АХВ на ветеринарните друштва е нотирано и во извештаите на ЕК.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста, што ќе и ја дадат граѓаните на Македнонија, ќе го запре криминалот и корупцијата што беа основа за владеење на Никола Груевски. Ќе ги врати парите кон граѓаните и ќе обезбеди сигурно финансирање на институциите на системот од витално значење на граѓаните .

loading...

Слични содржини