(ВИДЕО) Николовски: Признание за скандалот со храната не е доволно, одговорност мора да има

од desk3

 
Продолжуваме да ја објавуваме вистината за криминалниот начин на владеење на Никола Груевски на штета на граѓаните.

Скандалот со безбедноста на храната, што со месеци се криел од јавноста, го потврдија директно заменик министерот Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.

Овие функционери, поставени од Груевски, вчера признаа дека минатата година од 2 мај до 17 септември не се вршеле мониторинг програмите предвидени со Законот за безбедност на храната.

-Признание-за-скандалот-со-храната-не-е-доволно-одговорност-мора-да-има‏

Овие функционери признаа дека АХВ нема склучено договори со Ветеринарниот факултет, Институтот за јавно здравје и Фитосанитарната лабораторија.

Или, во овие 5 месеци никој во државата не знаел каква храна јадат граѓаните. Дали домати со пестициди, спанаќ со тешки метали, млеко од бруцелозен добиток или имало можно присуство на ГМО храна.

Катастрофална негрижа за бебзедноста на храната и здравјето на граѓаните.

Никој не бил поштеден. Не се испитувала ниту храна за доенчиња, храна за медицински цели, ниту лесно расипливите продукти бидејќи токму мониторинг програмите предвидуваат испитувања на овие производи во летните месеци.

Скандалот е уштe поголем затоа што половина година се криел од јавноста.

Контролата на храната за која се правда министертвото е само дел од овие мониторинг програми но без земање примероци и вршење на анализи, не може да се знае состојбата со безбедноста на храната.

За да може сточарот да знае дали има бруцелоза во стадото мора да се земе крв од добитокот и да се даде на анализа во лабораториите за да се испита. Не постои друг начин на контрола.

Законот за безбедност на храна е дециден, членот 86 дефинира дека “Активностите поврзани со официјалните контроли се извршуваат со користење на соодветни контролни методи и техники како што семониторинг, надзор, верификација, аудит, инспекција, земање на примероци и вршење на анализи“.

Затоа овој скандал мора да се расчисти.

Мора да постои одговорност. Никој нема право да си игра со здравјето на граѓаните.

Затоа постојат институции и министерство за земјоделство да се грижат за граѓаните, а не како до сега само за интересите на Греувски и фамилијата.

СДСМ покажа само мал дел од криминалот, од злоупотребите, во последните години, и покрај сите опструкции и пречки коишто ги прави ВМРО-ДПМНЕ во министерствата.

Но, вистинската борба против криминалот и корупцијата доаѓаат по промените.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

loading...

Слични содржини