(ВИДЕО) Обид за атентат на Лидерот на опозицијата на кемалистите во Турција

од Vladimir Zorba

zx450y250_2817119 (1)

Лидерот на кемалистичката Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу се најде во стапица – престрелка за време на патувањето во североисточната провинција Артвин, соопшти. “Хуриет”. Тој самиот не е повреден и е изведен на безбедно растојание од силите за безбедност.

Според првичните информации станува збор за престрелка. Обезбедувањето му одговорило на истрелите, но нападот не бил насочена против него, прецизира советник на Киличдароглу, цитиран од весникот “Хуриет”.

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала сепак изјави дека сигурно сторител на нападот е Курдската работничка партија (PKK). Според него тројца војници се повредени, а во моментов се спроведува операција против бунтовниците, пишува агенцијата “Ројтерс”. Се уште нема реакција на самата терористичка група.

Kemal Kılıçdaroğlu’ndan Saldırıya Dair ilk Açıklama: Güvendeyim | izlesene.com

Киличдароглу го коментира мастанот по телефон за СНН Турк велејќи дека безбедносните сили го извеле него и неговиот тим од зоната на судири, но конфликтот продолжува.

Слични содржини