ВИДЕО: Обилните дождови во Турција ги поплавија шаторите во кои живеат жртви од земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska

Обилни врнежи во југоисточна Турција им предизвикуваат проблеми на луѓето кои останаа без своите домови во регионот погоден од земјотресот. Во Искендерун, во провинцијата Хатај, дождот ги поплави шаторите, објави денеска новинската агенција DHA.

На фотографиите и видеата се гледаат бари и кал околу шаторите.

Опозицискиот политичар Канан Кафтанчиоглу на Твитер сподели видео на кое се гледа жена како плаче и се обидува да извади вода од шаторот.

Кафтанчиоглу рече дека луѓето сè уште не биле сместени во бродските контејнери, како што беше ветено, повеќе од еден месец по земјотресот.

Слични содржини