ВИДЕО од актерката Кортни Кокс од Булеварот на славните го обиколи светот

од Stefanija Kuzmanovska

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Кортни Кокс, ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анџелес минатиот февруари, а сега сними забавно видео во кое ја повторува нејзината улога како Моника.

Имено, во кадарот има неколку луѓе кои ја газат ѕвездата на актерката, по што таа се појавува со прскалка и крпа за да ја исчисти.

Глумата што го изгради ликот на Моника Гелер не заврши тука, бидејќи Кортни потоа ги исчисти и ѕвездите на нејзините колешки Џенифер Анистон, Рис Витерспун и Лора Дерн.

„Некој мора да го направи тоа“, објасни таа.

Видеото за брзо време собра повеќе од милион лајкови и илјадници коментари од сите нејзини фанови: „Што би правеле без тебе Кортни?“; „Ненадминатата Моника Гелер“, „Ова е толку типично за Моника“…

Слични содржини