Видео од грабеж на банка: Арамијата мирно влезе, а потоа извади пиштол и го впери кон службениците

од Берта Китинска

Непознат разбојник со син ранец, заканувајќи се со пиштол, вчера околу 17 часот ограбил филијала на банка на булеварот Крал Александар во Белград.

Како што може да се види на видеото, кога се приближил до шалтерот, тој од ранецот извадил пиштол и им се заканил на уплашените вработени во банката, а потоа, како што соопшти „Пинк.рс“, украл околу 23.000 евра.

После тоа, тој побегнал во непознат правец.

Според неофицијални информации, на едно лице му се слошило при грабежот.

Слични содржини