Видео од отстранувањето на споменикот на Ќосето пред Врховниот суд

од Vladimir Zorba

Споменикот на Андон Ќосето ноќеска е отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје. Споменикот е  спакуван во камион и однесен во магацините на Металски завод Тито.

Отстранувањето е направено во ноќните часови исто како и што беше скриено поставен. Од градот Скопје немааа никакви најави,а објаснување  ќе стигне веројатно напладне.

Како што дознава Локално.мк, тоа е направено на барање на инспекторатот на општина Центар, кои му посочиле на градот Скопје дека тоа е бесправен објект, и   во рок од три дена треба да го отсранат.

Ова исто така е дел од програмата на работната група на Министертвото за култутира која  утврди бројни законски прекршувања.

Според најаваите следен за тргање е централниот споменик  на „Воинот на коњ“ од плоштадот Македонија

Инаку веќе спакуваниот спомени  за   ликот на Андон Јанев-Ќосето, во историјата е  познат и како ликвидатор во ВМРО беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014 година е еден од петте споменици на различни локации и е донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Како што беше објаснето,  тогаш од владата на Груевски тоа било во чест на одбележувањето на 23 годишнината од независноста на Република Македонија, со „споменици на македонски великани, посветени на Националната борба за независност на Република Македонија“.

Тој е дело од контроверзниот проект „Скопје 2014“ на Владата на Груевски и е поставен во времето на  градоначалникот Коце Трајановски.

Еве дел од видеата кои може да се видат на социјалните мрежи:

Чиста провокација и создавање на алиби за примена на сила на 27 Февруари.Провоцираат РАДИКАЛИЗАМ бидејки не им оди според планираното со промената на името и понижувањето на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Публикувахте от Borislav Stoilkovic в Сряда, 21 февруари 2018 г.

 

 

Слични содржини