ВИДЕО: Од прва рака за 27 април-сведоштва за крвавиот четврток

од Aleksandar Petrovski

Четири епизоди со сведоштва за крвавиот 27 април. Како им беше на тие што се соочуваа со нападот врз нивните животи, за што размислуваа, дали јавноста виде се што се случуваше на Крвавиот четврток?

Од ТВ канал Вис кои стојат зад овој проект најавуваат за прв пат сведоштва во прво лице од нападнатите на 27 април- – Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Ѓулумсер Касапи, Павле Богоевски, Благој Бочварски…

Екслузивни снимки, фотографии и силни емоции од денот кој се закануваше да ја загрози безбедноста на државата.

– За болката и стравот, но и за храброста и солидарноста зборуваме во прво лице, најавуваат авторите од ТВ канал Вис.

Секој петок на ТВ Вис ќе се емитуава по една епизода, а стартот со првата епизода е утре на телевизијата.

Слични содржини