ВИДЕО од Русија кое го шокираше светот: „Е*и ја војната“ одекнува во Санкт Петербург

од Nikola Popovski

Илјадници луѓе извикуваа антивоени слогани на рок концерт во Русија минатиот викенд како знак на растечкото незадоволство на јавноста поради руската инвазија на Украина.

Посетителите на концертот на настапот на популарниот женски бенд во Санкт Петербург за време на викендот скандираа „Е*и ја војната!“

Видеото го објави членот на тимот на рускиот опозиционер Алексеј Навални, Љубов Собол, за кој се шпекулираше дека побегнал од Русија на крајот на минатата година.

Една членка на групата „Kiss Kiss“, на чиј концерт е направено ова видео, гласно се спротивстави на војната, објавувајќи критики кон Кремљ и инвазијата на социјалните мрежи.

Видеото се смета за редок излив на незадоволство, откако Кремљ ги задуши антивоените протести само една недела по почетокот на војната во февруари. Секое јавно противење на она што руската влада одбива да го нарече инвазија може да доведе до кривични пријави.

Видеото се појави на интернет откако рок пејачот Јуриј Шевчук беше обвинет за „дискредитирање“ на армијата поради држење антивоен говор на концерт во Перм минатата недела.

Пејачот на рок бендот „ДДТ“ од 1980-тите пред 8.000 посетители изјави: „Народот во Украина го убиваат. Зошто? Нашите момци умираат таму. Зошто? Која е целта мои пријатели?“.

 

Слични содржини