ВИДЕО од свадба го запали интернетот: Гости играат, пари летаат, никој не се грижи за короната

од Vladimir Zorba

Неверојатната снимка доаѓа од Сиднеј, среде пандемијата на коронавирусот, и прикажува раскошна венчавка, гости кои играат и ги кршат сите препораки на здравствените власти.

На видеото се прикажани младенците и гостите кои играат и се забавуваат, додека околу нив има голем број музичари.

Никој не се грижи за социјална оддалеченост или да носи заштитна маска додека луѓето се гушкаат и фрлаат банкноти од 50 долари.

Во еден момент, видеото ги прикажува гостите како пијат Корона, а група мажи скокаат на еден од нив за време на забавата.

Сето ова се случува додека Австралија се бори со најголем скок на бројот на заразени со коронавирус, а државата Викторија воведе карантин во траење од шест недели за да го спречи вирусот.

Видеото предизвика гнев на социјалните мрежи, додека многумина ги обвинија младенците и гостите дека не ги почитуваат мерките за време на пандемијата.

Слични содржини