ВИДЕО: Откриена причината за пожарот и СТРАШНАТА детонација во Дубаи!

од Берта Китинска

Голем пожар што избувна на брод со контејнери во пристаништето Дубаи во вторникот вечерта е ставен под контрола, објавија припадниците на цивилната заштита.

Најмалку тројца жители во областа на експлозијата пријавиле дека прозорците и вратите во нивните куќи се тресат поради инцидентот. Официјални лица соопштија дека експлозијата била предизвикана од пожар на брод во пристаништето Џебел Али – главното пристаниште за цистерни со нафта.

Цивилните и воените власти работеа на гаснење на пожарот два и пол часа. Властите велат дека „процесот на ладење“ започнал, пренесува АП.

Нема извештаи за можни жртви или за причините за експлозијата.

Засега не е позната големината на штетата Пред пожарот се слушна силна експлозија што предизвика тресење на околните згради.

Слични содржини