Според нашите економски експерти, Владата на РМ, онаа сегашната, годишно како буџет испумпуваше по 400 милиони евра. Ако знаеме дека се 10 години на власт, лесно ќе дојдеме до крајната бројка на украдени пари од буџетот пред се преку тендери, што изнесува преку 5 милијарди евра. И тоа е само еден начин на кој Владата крадеше пари од граѓаните и од сопствената држава. Има уште десетина начини на кои ги испумпуваа парите од македонските фирми и од семејствата, нагласи денеска Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.
– Вкупната бројка на украдени пари во изминативе десет години во РМ, украдени од Владата на РМ изнесува 7 до 8 милијарди евра. Главното прашање кое го поставуваат граѓаните е дали тие пари можат да се вратат и дали тие што го направија овој најголем грабеж ќе одговараат. За ова постои неспорна политичка волја кај опозицијата предводена од СДСМ, тоа да го направи. Од првиот ден институциите ќе ги гонат криминалците кои ова и го направија на сопствената држава.