Зграда од 5 ката се урна во близина на плоштадот “Таксим” во турскиот град Истанбул. За време на рушењето во неа немало луѓе, но турскиот весник “Хуриет” објави дека под неа имало кафуле.

_88241072_7749f701-0f30-404a-8e4f-3bb9f5ddc147

Според градоначалникот на областа “Бејоглу” Мисбах Демиркан во инцидентот нема повредени.
Зградата се наоѓа на улицата “Курабије”, која доаѓа до една од најпрометните пешачки булевари во Истанбул – “Истиклјал”.

На местото на инцидентот има испратени пожарникари.

Слични содржини