ВИДЕО: Погледнете го ширењето на сеизмичкиот бран ширум Европа по земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во голем дел од таа земја како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија, а стотици луѓе загинаа во Турција и Сирија.

Се стравува дека бројот на загинати би можел дополнително да се зголеми во наредните часови.

Сеизмологот Стивен Хикс смета дека земјотресот што утринава ја погоди Турција би можел да биде најсилниот земјотрес регистриран од инструменти во оваа држава.

Видеото подолу го прикажува ширењето на сеизмичките бранови по катастрофален земјотрес. Тоа е снимено од сеизмографи низ цела Европа.

Слични содржини