ВИДЕО: Полицијата започна да ги легитимира гостите во рестораните

од Берта Китинска

Французите кои сакаат да одат на кафе во кафуле или патување со меѓуградски воз, од понеделникот започнаа да ги покажуваат  здравствените дозволи.

Француската полиција е задолжена за контрола на овие ковид уверенија, кои Французите мора да ги имаат доколку сакаат да влезат во центри за рекреација, кина, концерти, спортски настани, доколку овие објекти се наменети за повеќе од педесет луѓе.

Французите неодамна протестираа против мерките на претседателот Емануел Макрон, а за денеска се најавени нови протести. Претседателот одговори дека тоа не е спротивно на демократските принципи.

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека коронавирусот не е завршена приказна.

-Здравствената криза не е зад нас, тоа е многу јасно. Ќе живееме со вирусот уште неколку месеци – изјави тој по владиниот состанок на владата за борба против коронавирусот.

Слични содржини