ВИДЕО: Постара жена му удрила шлаканица на стјуард, авионот морал да ја пренасочи рутата

од Берта Китинска

На социјалните мрежи се шири снимка од инцидентот што се случи за време на летот меѓу Манчестер и Родос, кога жена му удри шлаканица на стјуард затоа што наводно сакала да и земе џин и тоник. Екипажот на авионот дури морал да слета во Германија за да ја извлече разбеснетата жена.

Како што објави Сан, постарата жена наводно била фрустрирана откако не и донеле „бесплатен шампањ“. Потоа нарачала џин и тоник кој стјуардот и го земала бидејќи продолжила да биде агресивна. Снимката од авионот го сними точниот момент кога жена удира шлаканица на стјуардот предизвикувајќи бес кај останатите патници.

Еден од патниците тврди дека жената уринирала на нејзиното седиште пред полицијата да ја однесе.

– Жената на летот постојано барала од стјуардесите бесплатно шампањско. Стјуардесата и кажала на жената дека тоа не е дел од услугата и таа на крајот купила џин и тоник. Почнала да биде агресивна, па стјуардот и го одзел пијалокот. Почнала да пцуе и да има насилни испади. Во еден момент таа стана и се обиде да ја отвори вратата од кабината на лет. Во тој момент седела со двајца патници кои се обидувале да ја задржат додека удирала луѓе – тврди патник од летот.

Слични содржини