776
На конференцијата на БРИКС во Јужна Африка имаше хаотични сцени. Една од нив се случила кога маж за кој се верува дека е преведувач на Си Џинпинг бил присилно втурнат кон ѕид од безбедносниот персонал додека тој брзал да го стигне кинескиот претседател, пишува „Дејли мејл“.
Претседателот Си прошета по црвениот тепих на настанот во Јоханесбург во средата, каде што беше пречекан од други светски лидери пред почетокот на конференцијата.
Кога влегуваше во главната сала, кинескиот преведувач забрза напред во очигледен обид да го стигне својот шеф.
Членовите на обезбедувањето се посомневале и веднаш скокнале врз човекот, туркајќи го до ѕидот со сета сила пред да ја затворат вратата за да го спречат да го следи Си внатре.