ВИДЕО: Протести во Белград, запалено знамето на Црна Гора

од Aleksandar Todeski

Фото: Курир.рс

Над 5.000 навивачи на Ѕвезда протестираат пред црногорската амбасада во Белград, како поддршка на Србите во Црна Гора кои протестираат против Законот за слобода на вероисповест, пренесува српски Курир.

Белград бил целосно блокиран на протестите, откако по утакмицата со Бајерн, навивачите се упатиле кон амбасадата на Црна Гора, а октако се собрале на Кнез Михајлова улица, Делиите пееле песни против црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Во еден момент, како што пренесува српскиот портал, било запалено и знамето на Црна Гора кое се наоѓало на амбасадата, а освен палењето, не дошло до друг инцидент.

Слични содржини