Властите во рускиот град Краснодар уапсиле речиси 40 турски бизнисмени со обвинение дека се занимаваат со трговија без да имаат дозвола за тоа, соопшти CNN, повикувајќи се на локална телевизија. Турските бизнисмени учествуваа во агро-саемот “југагро” и се претставници на турски компании кои тргуваат со Русија. Тие сепак немале деловни визи. Според претставник на МВР на Русија, ако доаѓаат со цел трговија или работа, тие се обврзани да имаат такви визи.

20151126.ywuelgpoko

Путин и Медведев синоќа ги договориле санкциите спрема Турција- како за почеток “Јужен поток” и “нуклеарните реактори”

Гостите од Турција соопштиле дека не биле запознати за вакво барање и затоа влегле во Русија како туристи. Тие биле приведени во полиција за 24 часа. Сега претстои да бидат однесени во камп за мигранти и одтаму- испратени во Турција. Освен тоа се казнети со суми од 2 до 5000 рубљи за кршењето на законот.

Слични содржини