(ВИДЕО) Првата голема тепачка на Мундијалот

од Nikola Popovski

Сериозен инцидент се случи на стадионот Лусаил за време на мечот меѓу двајца големи јужноамерикански ривали.

Имено, за време на натпреварот дошло до жестока тепачка помеѓу навивачи на Мексико и Аргентина.

Во тепачката учествувале пет до шест навивачи, а најтешко поминал постар навивач на „Гаучосите“ кој со раскрвавено лице го напуштил стадионот.

За среќа, редарите успеале да спречат посериозни инциденти.

Фудбалерите на Аргентина синоќа го совладаа Мексико со 2:0 во второто коло на Светското првенство во Катар.

Слични содржини