(ВИДЕО) Пукање во Сакраменто, најмалку 6 загинати: Полицијата ги советува граѓаните да ја избегнуваат областа

од Берта Китинска

Шест лица загинаа, а девет се повредени во пукотница во Сакраменто во неделата наутро, соопшти полицијата.

– Полицијата лоцираше најмалку шест загинати, додека девет лица се повредени – објави полицијата на Твитер, пренесува Си-Ен-Ен.

Полицијата првично извести за „повеќе жртви“ откако нападот предизвика хаос во улица во центарот на градот во неделата рано наутро.

Властите ја опколија областа од осум блокови и рекоа дека истрагата за престрелката е во тек.

Полицијата ги предупреди граѓаните да ја избегнуваат областа.

Засега не е познато што ја предизвикало пукањето и дали некој е уапсен.

На снимката објавена на Твитер се гледа како луѓе трчаат по улица со истрели во позадина.

На лице место има неколку возила на брза помош, јавува USA Today.

Слични содржини