ВИДЕО: Разорна експлозија во Кабул, голем број жртви

од Берта Китинска

Во денешната разорна експлозија за време на вечерната молитва во џамија во Кабул загинаа голем број луѓе, соопшти локалната полиција без да го наведе точниот број на жртви.

Талибански разузнавач, кој сакаше да остане анонимен, во разговор со новинарот на Ројтерс изјави дека дури 35 лица се ранети или убиени, но дека бројот на жртви може да биде поголем.

Во извештајот на Ал Џезира се вели дека талибанските власти соопштиле дека 20 лица ги загубиле животите.

Брзата помош во Кабул на Твитер објави дека примила 27 пациенти ранети во експлозијата, меѓу кои и седумгодишно дете.

Граѓаните на Кабул велат дека од силината на експлозијата во северниот дел на главниот град искршени се стаклата на околните згради.

Имамот на џамијата е меѓу загинатите, а бројот на жртви може да се зголеми, изјави анонимен извор на Ројтерс.

Слични содржини