(ВИДЕО) Редици и гужви пред бензиските пумпи, граѓаните ги полнат резервоарите

од Nikola Popovski

Попладнево на неколку бензиски пумпи низ Скопје можеше да се забележат големи гужви и редици. Граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите на автомобилите, а дел од нив носеа и буриња и канти.

 

Причини за гужвите од одреден дел граѓаните се шпекулациите на социјалните мрежи дека ќе нема доволно гориво на бензинските пумпи, додека дел од нив биле исплашени откако исто така на социјалните мрежи прочитале дека нафтените деривати ќе поскапат од понеделник.

Министерот за финансии, Крешник Бектеши вечерва предупреди граѓаните да не веруваат на лажни вести.

-Несфатлива ситуација е ова по некои места. Има гориво, има нафта, бензин. Нема простор за паника. Народот да не чека во колони. Се шири паника и лаги по порталите. Имаме залихи, имаме резерви. Граѓаните да не создаваат кризи и да не веруваат секому, додаде Бектеши.

Фото+видео: Локално

Слични содржини