ВИДЕО: Руски борбен авион пресретна два американски бомбардера

од Stefanija Kuzmanovska

Руски борбен авион Су-35 прелета над Балтичкото Море за да пресретне два американски бомбардера со нуклеарен погон само неколку дена по соборувањето на американскиот дрон.

Руското министерство за одбрана соопшти дека руски борбен авион Су-35 пресретнал бомбардери Б-52 кои летале кон руската граница.

Рускиот авион се вратил во базата откако ги придружувал американските авиони до естонскиот воздушен простор, пишува „Дејли мејл“.

„Летот на Су-35 беше строго во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор“, соопшти руското министерство за одбрана.

Слични содржини