(ВИДЕО) Се подотвора вратата од баражот: Македонија води против Исланд!

од Nikola Popovski

Македонската фудбалска репрезентација ја подотвори вратата кон баражот за Светското првенство во Катар.

Левиот бек Езѓан Алиоски со гол во 7-та минута обезбеди водство за нашиот тим во последниот и клучен дуел од групата, кој одлучува кој ќе заврши како втор. Играчот на Ал-Ахли од Саудиска Арабија доби топка откосо и со силен шут ја стресе мрежата на ривалот.

Доколку Романија го победи Лихтенштајн во другиот одлучувачки дуел од групата, на нас ни одговара само победа.

 

Слични содржини