(ВИДЕО) Се уриваат бараките на „Медицинар“ за да се расчисти делот околу Инфективната клиника

од Aleksandar Todeski

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вечерва на Фејсбук објави видео и фотографии од уривањето на домот „Медицинар“ во кругот на Клиничкиот центар за да се ослободи простор околу Инфективната Клиника.

„Го рушиме Медицинар во Клинички центар за потребите на просторот околу Инфективна клиника. Го помагаме Министерството за здравство и Клиничкиот центар“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Од Град Скопје пак, соопштија дека помагаат во рушењето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“ како дел од активностите за борба против коронавирусот, на барање на Министерството за здравство и клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Покрај тоа, во насока на подобрување на пристапноста до клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје деновиве асистираше и во проширувањето и изградбата на посебен влез во Клиничкиот центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби“, соопштија од таму.

Го рушиме Медицинар во Клинички центар за потребите на просторот околу Инфективна клиника.Го помагаме Министерството за здравство и Клиничкиот центар. #СедиДома

Публикувахте от Петре Шилегов в Събота, 21 март 2020 г.

Слични содржини